Skip to content

Средба Китанов-Тимоние

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Макадонија Кристијан Тимоние.

На средбата амбасадор Тимоние се интересираше за соработката на француските компании со Јавното претпријатие за државни патишта и нивното учество во проекти кои веќе се во фаза на реализација потсетувајќи дека точно пред една година имале веќе една средба на која се разговарало за учество на француските компании во државава.

Директорот Китанов информираше дека ЈП за државни патишта има веќе остварено соработка со неколку француски фирми кои работат во доменот на градежништвото, како што се Ежис, Суез, Фросинет, Сaфеж и др. Дел од нив во моментов се ангажирани како надзор и како консултанти. Амбасадорот Тимоние изрази надеж дека практиките на добра соработка помеѓу француските компании и ЈП за државни патишта ќе продолжи и во иднина со иста таква успешност како и до сега.

Китанов потенцираше дека секоја фирма што ќе понуди најдобри услови за соработка е добредојдена бидејќи годинава се планира отпочнување на рехабилитација на повеќе патишта и посочи дека нема да застанат на 783-те км рехабилитација остварени само последниве две години кои се речиси двојно поголеми од рехабилитираните патишта за време од десетина години претходно.  Неговата цел како директор е до крајот на 2020 година да се надмине цифрата од над 1200 км рехабилитирани патишта. При тоа, ќе се води исклучително сметка за квалитетот на градбата која ќе биде според сите европски стандарди. Секако, во план се и новоградбите на патишта и мостови кои ќе следуваат во наредниов период.

Сподели: