Skip to content

Отпочнува санацијата на свлечиштето Велес-Градско

Отпочнува санацијата на свлечиштето Велес-Градско

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека отпочнува санацијата на свлечиштето и потпорниот ѕид на регионалниот пат Р1102, делница Велес–Градско (транзитен дел низ Велес). Воведувањето во работата ќе биде на 17 овој месец, а предвидениот рок за извршување на работите е 8 месеци, односно до 17.10.2020 година. Инвестиционата проценета вредност со ДДВ за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари.

При изведба на свлечиштето ќе се изврши ископ и санација на веќе пропаднатиот дел од патот со изградба на нов бетонски ѕид. Поставување на нова еластична ограда согласно со европските стандарди и демонтажа на старата ограда. Ќе се извршат земјени, геотехнички и ѕидарски работи на еден дел, односно ќе се изврши целосно торекетирање на околу 5.000,00 м2 со поставување на анкери, поставување на габиони и поставување на заштитни мрежи за да се спречат било какви одрони во иднина.  На крај ќе се изврши санација на оштетениот асфалт со гребење и асфалтирање со цел да се комплетира санацијата на свлечиштето.

 

Сподели: