Skip to content

Рехабилитација на Патишта кои гравитираат во Малешевскиот дел со вкупна должина од 35 км., и вкупна вредност од 316,11 милиони денари

Рехабилитација на Магистрален пат Делчево – Звегор

Должина:  5 км.
Вредност: 24,6 милиони денари
Комплетно е асфалтиран патот, се работи на одбојна ограда.

Рехабилитација на регионален пат Делчево – Пехчево

Должина: 10,8 км.
Вредност: 61,5 милиони денари
Започнато со гребење и поставување на слој асфалт за порамнување и пополнување на ударни дупки

Рехабилитација на регионален пат Р1304 Берово – Виница

Должина: 11 км.
Вредност: 116,8 милиони денари
Започнато со подготвителни работи

Рехабилитација на Р1310 Берово – ГП – Клепало

Должина: 5,7 км.
Вредност: 89,2 милиони денари
Градежните работи се во тек

Рехабилитација на Р1310 транзитен дел низ Берово
(ул.Моша Пијаде)

Должина: 1 км.
Вредност: 8 милини денари
Започнато со гребење на постојниот коловоз и подготвување за асфалтерски работи

Рехабилитација на Р2345 Трсино – Бигла

Должина: 2 км.
Вредност: 16 милиони денари
Во тек се подготвителни работи (земјени работи и тампонирање)

Јавното претпријатие за државни патишта со овие изградби ги опфати сите патишта во Малешевскиот дел и понатаму продолжува со целосна посветеност на градежните активности.

Сподели: