Skip to content

Над 430 милиони евра ќе се инвестираат во патната инфраструктура во источниот регион

Изградба на патната инфраструктура во Источниот регион е еден од приоритетите на оваа Влада. Во моментов градиме еден нов автопат и еден екпресен пат од Велес до Штип, а во наредниот период ќе започнеме со изградба на уште три еспресни патишта и реконструкција на неколку регионални патни правци. Конкретно во овој регион  инвестираме преку 430 милиони евра само во патната инфраструктура, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој денес присуствуваше на пуштање во употреба на пат за село Пухче во општина Штип.

Мисајловски посочи дека добра вест за Истокот е и тоа што веќе е објавен тендерот за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.
-Очекуваме некаде првата половина на оваа година да започнеме со изградбата. Дел од трасата ќе биде сосема нов пат, дел  ќе се гради на постојаниот пат кон Радовиш. Како што знаете средствата за изградба на овој експресен пат веќе се обезбедени од ЕБРД, проценетета вредност е околу 64 милиони евра. Очекуваме изградбата да трае околу 2 години. Исто така оваа година ќе започнеме со изградба на уште еден експресен пат во овој регион а тоа е експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри.  И за овој пат веќе објавивме тендер за изградба за 1 фаза и тоа од Штип до Крупиште, бидејќи патот планираме да го градиме во две фази. Некаде првата половина од оваа година планираме да започнеме со изградба, додавајки  дека е потпишан и договор за реконструкција на регионалниот пат од Кочани до Делчево во должина од 30 километри.
Мисајловски со директорот на ЈП„Државни патишта“ Александар Стојанов и градоначалникот на Штип Илчо Захариев  го пуштија во употреба локалниот пат кој е со должина од 2, 2 километри и инвестиција од 15 милиони денари.
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов истакна   дека во општина Штип се изградени пет локални пата , чија должина изнесува 16 км.
Преку програмата за одржување и заштита на државните патишта во општина Штип се изградени преку седум километри регионални патишта што влегуваат и излегуваат од Штип.

Сподели: