Skip to content

Во Прилепско пуштени во употреба два локални пата

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на Јавното претпријатие  за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески пуштија во употреба два локални пата: за с.Лениште и за Маркова чешма, чија вкупна инвестиција изнесува 17 милиони денари. Од 2010 година до сега Владата на Р. Македонија преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура изгради и рехабилитираше 404 локални патишта со вкупна должина од над 730 км и инвестиција преку 63 милиони евра.

Сподели: