Skip to content

Во тек е асфалтирање на дел од регионалниот пат Струмица-Ново Село – граница со Бугарија

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов  во рамките на работната посета на општина  Ново Село  заедно со градоначалникот Блаже Велков , направи увид во градежните работи на регионалниот пат Струмица-Ново Село – граница со Бугарија каде во тек е  асфалтирање на делницатата  која поминува низ  населеното место Ново Село  .

Во тек  е надградба на патот во должина од околу 2   км.  во вредност од 15 милиони денари , средства од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Активностите за надградба на регионалниот пат  Струмица-Ново Село – граница со Бугарија во должина од 10 км. отпочна минатата година, проектот   е повеќегодишен   и е имплементирен во Програмата за одржување на ЈП за државни патишта, како проект на Владата на Република Македонија. Истиот  ќе продолжи  во наредните две години  за што ќе бидат инвестирани вкупно 60 милиони денари.

Сподели: