Skip to content

Рустеми: Започнаа асфалтерските работи на автопатот Скопје Блаце

Автопатот Скопје–Блаце заради неговата исклучлителна важност постојано е сфера на интерес на пошироката јавност. Токму затоа, директорот на Јавното претпријатие Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните работи кои се одвиваат со забрзано темпо.

„Во моментов како што може да видите се асфалтира, односно се извршуваат асфалтерски работи на кружен тек 1, Рампа 1, во должина од околу 400-450м. Од Изведувачот на работие Гранит, и од Надзорот ГИМ бевме информирани дека вкупниот прогрес на работите изнесува 48%. Сѐ додека временските услови го дозволуваат тоа и натаму ќе се работи интензивно“, изјави по увидот директорот Рустеми.

Инаку, изградбата на делницата Скопје-Блаце е поделена во две подделници и тоа: Првата делница од Граничен Премин Блаце до с.Блаце во должина од околу 1,9 км со средства од Буџетот на ЈП за државни патишта во висина од 14,2 милиони евра, и втората делница од с.Блаце до клучка Стенковец во должина од околу 10,5км која ќе се финансира со заем од ЕБОР.

Министерот Бочварски рече дека: „Косово е наш значаен трговски партнер, а изградбата на автопатската делница ќе даде дополнителен импут во зголемување на трговските релации.“

Сподели: