Skip to content

Премиерот Никола Груевски го означи почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар

Рехабилитацијата на регионалниот  пат Ново Село – Маврово – Жировница-Дебар со должина од 20 км ќе се реализира во  две фази .Првата фаза  се однесува на делницата Ново Село – Маврово и е со должина од 11,75 км. , а втората фаза која наскоро треба да отпочне ја  опфаќа делницата Жировница-Дебар во должина од 8,25 км. Целокупната инвестиција на овој проект се проценува на осум милиони евра, а градежните работи треба да завршат за една година.

Според премиерот Груевски, овој пат е најкористениот кон Маврово и кон населените места од дебарскиот и реканскиот крај.

Фото : МИА

– Ова е уште еден проект за западниот дел на Македонија. Ако се има предвид дека во изминатиот период го направивме патот Струга – Дебар, во моментот се прави автопатот Кичево – Охрид, а почнуваме да го реконструираме и патот Маврово – Дебар, тоа значи дека работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија. Ако на тоа се додаде фактот дека во изминатите години имаме направено и реконструирано преку 70 локални патни правци во општините од западна Македонија, станува јасно дека скоро и да нема место во овој регион во кој немаме инвестирано за изградба на патишта.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски  најави дека наскоро ќе се започне со рехабилитација на мостот пред Стража, инвестиција вредна 33 милиони денари, а за месец-два и со реконструкција на регионалниот пат Мелнички мост – Центар Жупа.

Сподели: