Skip to content

Трајановски: „Од план до градилиште: почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево“

Почнува реализацијата на еден од значајните инфраструктурни проекти во рамки на Патниот коридор 8, изградбата на автопатската делница Букојчани (Долно Строгомиште)-Кичево, со вкупна должина од околу 11,5 километри.

Ова е почеток на изградба на нова, современа и безбедна автопатска делница која ќе овозможи подобра поврзаност на регионот и ќе биде важен дел од транспортната инфраструктура на Коридорот 8.

„Денес почнуваме да го градиме патот што ќе го поврзува регионот со нови можности. Ова не е само изградба на уште 11,5 километри автопат. Ова е инвестиција во подобра поврзаност, поголема безбедност и побрзо движење на луѓето и стоките. Со почетокот на работите на делницата Букојчани-Кичево, Коридорот 8 добива нова, конкретна и видлива инфраструктурна перспектива. Денес не зборуваме само за планови-денес почнуваме да градиме“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Тој уште додаде дека проектот е поделен на две подделници: Долно Строгомиште-Црвивци, во должина од околу 4,98 километри, и Црвивци-Кичево, во должина од околу 6,53 километри.

„Предвидена е изградба на модерен автопат со две сообраќајни ленти во секоја насока, ленти за запирање и проектна брзина од 110 километри на час. Делницата ќе опфати и изградба на 5 мостови, 2 вијадукти, 4 надпатници, 9 подпатници и 6 плочести пропусти, како и тунелот „Колибари“ со должина од 370 метри. Предвидена е и изградба на клучките „Строгомиште“ и „Кичево Север“. Коридорот 8 не е само линија на мапа, тој станува реалност на терен, тој станува реалност на терен, а денес го правиме следниот важен чекор кон неговата целосна реализација.“, рече Трајановски во своето обраќање на поставувањето на камен темелникот заедно со претседателот на Владата на РС Македонија, г Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, г. Николоски.

Инкау, вкупната договорна вредност на проектот изнесува 219,51 милиони евра, а рокот за реализација на градежните работи е 48 месеци.

Проектот се финансира со средства од заем и грант преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Изведувач на работите е конзорциумот Страбаг С.Р.Л. (Романија) и Дуна Асфалт ЗРТ (Унгарија).

Со овој проект инвестираме во инфраструктура која треба да трае со децении. Новиот автопат ќе значи подобри услови за патување, поголема безбедност и подобра поврзаност за граѓаните, но и посилна транспортна и економска поврзаност на регионот.

Изградбата на делницата Букојчани-Кичево е дел од пошироката визија за модерна патна инфраструктура и подобро поврзување на Македонија со регионот и европските транспортни коридори.

Сподели: