Skip to content

Трајановски: Интензивни активности за стабилизација на косинини на автопатот Кичево–Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски извршија увид во градежните активности на автопатот Кичево–Охрид кадешто во моментов на Секција 4, интензивно се работи на стабилизација на косини.

Во оваа фаза се изведуваат правоаголни противлизгачки колови 3 ×2  метри, кои се на длабина од околу 20 метри и се клучен дел од мерките за стабилизирање и обезбедување на косината.

„За реализација на оваа сложена операција се користи современа, специјализирана механизација. За подигнување и поставување на арматурниот кафез се употребува кран, со номинална носивост од 110 тони.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и додаде: „Постапката се спроведува во неколку последователни фази. По завршувањето на дупчењето и подготовката на дупнатината, арматурниот кафез се подигнува и се поставува со кран. Потоа следува последната фаза-бетонирањето на колот.“

Овие активности се од исклучително значење за стабилизацијата на теренот и за безбедно продолжување на изградбата на автопатот Кичево–Охрид. Станува збор за сложен градежен зафат што бара висока прецизност, примена на соодветна технологија и ангажирање специјализирана механизација.

Очекуваме работите на оваа делница да продолжат со засилена динамика, со цел сите предвидени активности да бидат реализирани во согласност со проектната документација и утврдениот распоред за изградба.

 

Сподели: