Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и градоначалниците на општина Кичево Александар Јовановски и општина Дебрца Златко Сиљаноски, пратеникот Ѓоргија Сајкоски, заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, почно извршија увид во активностите поврзани со стабилизација на косините.

Трајановски и Николоски изразија задоволство од напредокот кој е согласно со предвидените планови. При увидот од стручните тимови беа известени за начинот и постапката која се применува при стабилизацијата на косините.

Од Изведувачот на работите и од Надзорот тие беа информирани дека во моментов се изведуваат активности на подделницата 1 и 2 каде се работи припрема на заштитни мерки на косини и тоа со пошумување, поставување на геокомпозитна мрежа, прскање со бетон. Потоа, на косина на стационажа на 15-ти километар се изведува решение со галерија и се работи на бушење и бетонирање на шипови, оплатирање армирање на плоча, оплатирање армирање на кружни столбови, армирање и оплатирање на потпорен ѕид итн.
Напорите се насочени кон тоа што поголем дел од автопатот во изградба да биде функционален и ставен во употреба за полесно патување до туристичкиот центар Охрид.