Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) заврши со реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти во општина Делчево, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на патната мрежа. Вкупната инвестиција за 2025 година изнесува 48 милиони денари.

☑️Реконструкција на регионални патишта
Во рамки на годишната програма, се врши санација на два регионални патни правци:
☑️Р1302 (излез од Делчево кон Пехчево)
За санација на дел од овој пат се издвоени 20 милиони денари. Работите опфаќаат гребење на стариот коловоз и поставување нов асфалтен слој на површина од 10.200 м², со вкупна количина од 1.400 тони асфалт.
☑️Р2341 (Делчево – село Габрово)

За овој патен правец се предвидени 22 милиони денари. Проектот вклучува поставување нов асфалтен слој од 2.120 тони на површина од 12.500 м², како и изградба на банкини од двете страни на коловозот.
Изведувач на градежните беше ЈП „Македонијапат“. Со реализацијата на овие проекти, значително ќе се подобрат условите за сообраќај, ќе се зголеми безбедноста и ќе се овозможи поефикасен проток на возила.