Skip to content

Трајановски: „Градиме подобри патишта, за побезбедна иднина!“

Патиштата не се само линии на карта – тие се врски кои носат развој, трговија и безбедност. На Конгресот посветен на патната инфраструктура на кој се разговараше за иднината, за модерното планирање, новите технологии, вештачктаа интелигенција и одржливото управување, а во организација на Друштвото за патишта, учествуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Тој потенцираше дека годинава ЈПДП со инвестиции од над 500 милиони евра, реализираше значајни проекти и ги пушти во употреба експресните патишта Крива Паланка–Страцин, Градско–Дреново, како и 37 км од автопатот Кичево–Охрид. Трајановски говореше и за новите проекти, односно рече дека ЈПДП работи на нови делници, реконструкции и технички решенија за втората фаза од изградбата на автопатот Скопје–Блаце, на новите автопати кои се дел од Коридорот 8 кои ги гради Бехтел и Енка, како и на други регионални врски.

Се осврна не само на градбата  на нови патишта туку рече дека ЈПДП вложува напор да инвестира и во редовно и превентивно одржување на патиштата, преку системот РАМС, кој овозможува паметно планирање и следење на состојбата. Превентивното одржување значи побезбедни патишта и пониски трошоци – до 50% заштеда.

Нашата цел е јасна: модерна, функционална и безбедна патна мрежа која ги поврзува луѓето и ги отвора можностите.

Сподели: