Нашиот фокус не е насочен само кон државните и магистралните патишта туку Јавното претпријатие за државни патишта интензивно работи и на рехабилитација на регионалните патни правци во општините кои поминуваат низ руралните средини.
Во таа насока, во рамките на Годишната програма на ЈПДП за 2025 година, поточно преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат) се издвојуваат средства и за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) т.е општините.
Годинава во рамките на оваа програма за општина Куманово вкупно се планирани 85 милиони денари за рехабилитација на неколку делници и тоа на патните правци:
1. Р29277 Бељаковце-Клечовце – 35 милиони денари,
2. Р2136 Пчиња -Вак’в – 30 милиони денари,
3. Р1104 Куманово транзит (ул. Никола Тесла) 20 милиони денари.
Веќе се започнати градежните активности на дел од овие патни правци, поточно веќе се работи на Бељаковци-Клечовце и на улицата Никола Тесла.
Имено, на ул. Никола Tесла која што е транзит низ Куманово на регионалниот патен правец Куманово-граница со Србија планирано е остранување на стариот асфалт и вградување на нов слој во должина од 1.450 метри со променлива ширина од 6,5 до 9 метри, односно околу 10.000 м2.
По завршувањето на овие делници ЈПДП планира да продолжи со рехабилитација на делницата од с. Пчиња кон с.Вак’в. Овие градежните активности ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат).