Skip to content

Рустеми: „Инвестираме 62,5 милиони евра во изградба на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце со што создаваме комплетна патната инфраструктура на Коридорот 8“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со премиерот Ковачевски и министерот Бочварски извршија увид над градежните работи на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце кој започна со изградба во 2018 година и кој е поделен во две фази. Првата делница Длабочица-Чатал е со должина од 15,5 километри, а втората делница од Крива Паланка Длобочица е со должина од 10 км, или вкупната должина на експресниот пат е 25,5 километри.

„Дозволете да споделам неколку технички информации поврзани со изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. Имено, на првата делница предвидената ширина на коловозот е 12,5 метри, а ширина на коловозот на втората делница е 11,4 метри. Ова значи дека овој експресен пат има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, и во иднина може лесно да прерасне на ниво на автопат. Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка. Од ова место сакам да потенцирам дека потешкотиите што ги имавме со изградбата на првата делница каде што имаше слаб прогрес над работите од страна на претходниот изведувач се веќе надминати, и новиот Изведувач Страбаг веќе има добар процент на реализација од над 65 посто. Вкупната вредност на оваа делница е 32 милиони евра.  Во однос на втората делница каде што Изведувач над работите се Гранит и Бетон моменталната реализација е 87%. Надзорот над двете делници е доверен на ДИВИ Македонија. Вкупната проектирана вредност на експресниот пат кој се финансира со средства од Светска Банка е 62,5 милиони евра. Предвидениот рок за изградба на двете делници е мај/јуни 2024 година и искрено се надеваме дека рокот ќе биде запазен“ изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Тој потсети дека е извршена рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово-Страцин со должина од 32 км и вкупна вредност од 13 милиони евра кој е од витално значење не само за регионот, туку и за целата држава. Беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар, а реконструкција со рехабилитација и доградба на една лента се одвива и на државниот пат Крива Паланка–Деве Баир  во должина од 13 км, проект финансиран со средства од ЕБОР  во висина од 12 милиони евра, каде што физичкиот прогрес на работите е 75 %. Исто така,  во изработка е проектната документација за рехабилитација на државен пат А2, обиколница на Крива Паланка и со сите отпочнати проекти и активности во овој регион, ќе се комплетира патната инфраструктура на Коридорот 8 кој ќе овозможи безбедени и сигурени патишта за учесниците во сообраќајот.

Сподели: