Денес се одржа редовен неделен состанок со страните вклучени во реализацијата на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10Д, како дел од континуираната координација неопходна за успешно спроведување на проектните активности.
На состанокот присуствуваа претставници на сите учесници во реализацијата на Проектот: проектната единица за имплементација при ЈПДП, изведувачот, надзорот и техничката помош за поддршка на проектот.

На состанокот се договараат рокови и се решаваат постоечки пречки и дилеми во работата. Исто така се разменети информации за тековниот статус на проектните активности, теренските активности, достапноста и обемот на извршените работи, капацитетите за реализација на планираните активности, како и за актуелните предизвици и следните планови.

Ваквите состаноци се одржуваат најмалку еднаш неделно, а по потреба и почесто, што е од особено значење за навремена размена на информации, усогласување на активностите меѓу сите вклучени страни и поефикасно следење на реализацијата на Проектот за инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10Д. Ваквиот пристап придонесува за навремено идентификување и надминување на предизвиците, како и за обезбедување континуитет и ефикасност во спроведувањето на проектот.

