Skip to content

Санација на регионалниот пат Стење – Коњско

Со цел развој на туризмот и подобрување на инфраструктурата во руралните средини на Преспанскиот крај, Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2025 година предвиде 30 милиони денари за санација на регионалниот патен правец Р1307, на делот од село Стење кон село Коњско.
За на лице место да се уверат што е  досега  реализирано  од предвидената санација увид извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, пратениците Ѓорѓија Сајкоски и Кире Божиновски, заменик директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски и нивните стручни тимови.

До сега на регионалниот пат Стење-Коњско е извршена санација на трупот на патот во должина од 3.800 метри, со негово израмнување и вградување на 1.300 м³ тампонски слој со ширина од 4,5 – 5 метри. Исто така, извршено е асфалтирање на 3.800 метри, со вградување на вкупно 1.980 тони асфалтен слој, со просечна ширина од 3,6 метри, а трупот на патот во кривините е проширен до 4,5 метри.

Оваа санација се изведува преку Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2025 година спроведена од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈП Македонијапат).

Овој живописен крај кој многу малку е допрен од човечката рака каде природата е изгледа нереално е идеален за одмор на сите човечки сетила и токму затоа ЈПДП посветува внимание за подобрување на патната инфраструктура.

Инвестицијата, пак, значително ќе го подобри пристапот до Преспанскиот регион, ќе поттикне развој на туризмот и ќе придонесе за економски раст на локалните заедници.

Сподели: