Skip to content

ЈПДП: Во план е проектно решение за да се дооформи патниот јазол Брвеница

Со цел изнаоѓање на економски најприфатливо и најефикасно, а истовремено и најбезбедно решение за дооформување на патниот јазол Брвеница на терен излегоа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Бвреница Јовица Илиевски заедно со нивните стручни тимови од ЈПДП и од општина Брвеница.

Патниот јазол Брвеница е дел од патната мрежа на државниот пат А2 на делницата Скопје -Тетово – Гостивар. Од северната страна на автопатската делница изведен е дел од патниот јазол за исклучување од Скопје кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Гостивар.

За да се дооформи патниот јазол Брвеница, се планира проектно решение од јужната страна со кое ќе се овозможи исклучување од Гостивар кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Скопје.

На овој начин, ќе се надмине повеќедецениски проблем во регионот за поврзување на Брвеница и околните населени места со постоечкиот автопат А2 кон Скопје. Исто така,  новото приклучување ќе овозможи растеретување на сообраќајот низ самиот регион и околните населени места, а со тоа ќе се влијае на подобрување на условите за живот на жителите, како и на зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот.

Сподели: