Јавното претпријатие за државни патишта вложува во подобри патишта и инфраструктура за да ги поврземе селата и населените места, овозможувајќи им полесен пристап до градовите, образованието и здравствените услуги.
ЈПДП за таа цел секоја година изготвува Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта во која предвидува средства се инвестираат во патната инфраструктура преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Еден таков правец за кој се предвидени и инвестирани 40 милиони денари е патниот правец Р2135 Горно Коњаре-Малино-Преод-Свети Николе каде увид во работите извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заменик директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски…..
Трајановски и Шуковски беа информирани дека е завршена санација на коловозот на најоштетените делови од делницата Сушица-Малино во должина од 1.350 метри и ширина од 4 метри во износ од 15 милиони денари, како и на делницата клучка Преод-село Крушица во должина од 3.100 метри и ширина 4 метри.
Вкупно на овој патен правец од страна на ЈПДП инвестирани се вкупно 40 милиони денари со цел да им се овозможи на жителите на селата и населените места кои гравитираат кон Свети Николе подобро инфраструктурно поврзување.
Исто така, во тек се градежни активности на транзитниот дел од Горно Коњаре во должина од 500 метри и ширина од 4,5 метри. Вредноста на работите на овој потег изнедува 6 милиони денари, а сите наведени градежни активности ги изведува ЈП Македонијапат.