Skip to content

Трајановски: „Со пуштањето на експресниот пат Градско-Дреново во должина од 26 км се скратува времето на патување кон Прилеп, Битола, Ресен!“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски во присуство на претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николовски, гадоначалници, пратеници, соработниците и бројните гости, ја пуштија во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од експресниот пат А1 Градско-Дреново, со што  се доби целина од 26 км експресен пат на Коридорот 10д.

„Денеска чувствувам огромна радост и задоволство што стојам овде, на ова место, и ја пуштаме во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д. Успеавме да ги надминеме наследените проблеми и за краток период да добиеме една функционална целина од 26 киломтри со што значително го скратуваме времето на патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен и понатаму. На делницата Фариш – Дреново вложивме натчовечки напори да ги совладаме препреките во градежните работи, особено во стабилизацијата на опасните карпи и да ја забрзаме изведбата на работите. На само 10,2 км имаме 1 тунел со две цевки, 21 мост, 11 потпорни ѕида, 1 вијадукт, 7 АБ конструкции, бројни подпатници, цевасти пропусти и 1 кружен тек на постојниот пат со клучка Дреново. Реализирана е изведба на ободни канали, регулација на реката на неколку потези, заштита на косини, поставена е заштитна ограда, хоризонтална и вертикална сигнализација и друга патна опрема.“ – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). Проектант на делницата беше Простор дооо Куманово, изведувач на работите СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг, НР КИНА, Подружница Скопје, а надзорот го вршеа ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ.

 

Сподели: