Јавното претпријатие за државни патишта викендов (31.05.2025 год., сабота) го пушти во нормален режим сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица каде што се вршеше санација на тунелите Демир Капија 1 и 2 кои се дел од автопатот А1.
Изведувачот на работите Синтек инженеринг под надзор на ГЕИНГ пред рок ја завршија санацијата на тунелите при што изведоа повеќе градежни активности со кои се доби модерен и современ изглед.
Се изврши бојадисување, промена на сите нефункционални светилки, проверка на контролните табли и осветлувањето во SOS говорниците и трафостаниците во тунелот, како и проверка на функционалноста на сите камери во тунелите и надвор од нив.
Со направената санација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 ја подигнавме безбедноста на сите на учесниците во сообраќајот.