Skip to content

Ги санираме и обновуваме државните патишта кои водат кон руралните средини

Еден таков пат каде што е во тек санација, е регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305 (Кичево-Демир Хисар) кон Цер. Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт во должина од 5.100 метри и ширина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари.

Исто така, во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи (пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали) за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река кој е со земјан коловоз, со цел поврзување со Крушево.

Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, каде што се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.

Сподели: