Skip to content

Инвестираме и во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) т.е општините

Јавното претпријатие за државни патишта се грижи и издвојува средства и за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа, односно општините.

Во таа насока годинава преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, за регионалните патни правци кои транзитираат низ општините Гази Баба и Петровец планирани се 40 милиони денари за рехабилитација на најоштетените делови на делницата Маџари-Идризово-Петровец каде што активностите се отпочнати и се во тек.

Паралелно со започнатите активности во Општина Петровец за санацијата на регионалниот пат се одвиваат и активности за чистење на каналите од двете страни на коловозот долж патниот правец Јурумлери-Петровец.

Овие активности се одвиваат и ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат).

Наскоро ќе започнеме и со рехабилитација на коловозот низ Горно Коњаре каде што проектираната вредност на работите за санацијата на овој патен правец е предвидена да изнесува 6 милиони денари.

Сподели: