Skip to content

Трајановски: „Отпочнуваме со градежни активности за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, дел од Коридорот 8“

„Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот туку потребно е зборовите да ги преточиме во дела. Денеска говореа делата и покрај градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола кои напредуваат, отпочнуваме со градежни активности и на Тетово-Гостивар.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на означувањето на стартот на градежните работи на конзорциумот Бехтел и Енка на делницата Тетово-Гостивар

Претседателот на Влада Христијан Мицкоски,  потпретседателите на Владата Николоски, Меџити и Димовски, во присуство на амбасадорката на САД Агелер, пратеници, градоначалници, како и претставници на Бехтел и Енка беа дел од означувањето на стартот на изградбата на автопатската делница Тетово-Гостивар во должина од 17,5 км, дел од проектот за изградба на Коридоритте 8 и 10д кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.

Веќе се чувствуваат и економските придобивки од градежните активности на конзорциумот затоа што за изградбата на 110те киломтри автопатишта овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д, па така околу 60% од изведувачите на проектот се локални компании, како и повеќе од 90% од подизведувачите. Ова значи раздвижување на економијата и подобрување на инвестициите.

Досега на трите делници завршена е експропријацијата на вкупно 2497 парцели, а градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола напредуваат.

Јавното претпријатие за државни патишта во Годишната програма за 2025 година испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а дополнително има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години.

 

Сподели: