Трајановски на увид во имплементација на Европски инвестициски фондови во изградба на патишта со претставници на медиумски организации од ЕУ и Норвешка

На 24.09.2024 година директорот на ЈПДП Коце Трајановски беше домаќин на претставниците на медиуми од ЕУ и Норвешка на патната делница Крива Паланка-Ранковце.  Тие допатуваа во организација на Дирекцијата за соработка и проширување (ДГНЕР) при Европската комисја, а во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје за одбележување на 15 годишнината од посветената инвестициска поддршка на ЕУ на регионот.

 

Дел од оваа патна делница е дополнително поддржан со наменски инвестициски грант во износ од околу 14 милиони евра обезбеден од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Со посетата се направи увид во градежните активности на косините на оваа патна делница, во кои овој наменски грант учествува со 40% од вкупната вредност на овој дел од проектот.