Трајановски и Николовски на увид во изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце- Страцин

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николовски, придружувани од градоначланикот на Ранковце, како и претставници од Изведувачот и Надзорот, извршија увид во градежните работи на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин кој започна со изградба во 2018 година и кој е поделен во две фази.

 

Директорот Трајановски извести дека процентот на реализација по делници е 68% на прва фаза и 91 % на втора фаза. „Работите се почнати 2018 година во две фази. Првиот дел е во должина од 15,5 километри и со вредност од 43,2 милиони евра и прогрес од околу 68 %, тој е овој дел каде што се наоѓаме на потегот Длабочица – Чатал. Додека вториот дел е во должина од околу 10 километри и тој е со вредност од 50,5 милиони евра и некаде со прогрес од 91 %. Вкупната должина на експресниот пат е 25,5 километри со ширина на коловизите од 12.5 метри. Вредноста на проектот е 80,20 милиони евра средства од Светска банка и грант средства од 13,50 милиони евра или вкупно 93,7 милиони евра

Очекуваме да биде завршен до крај на годината”, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот Николоски потенцираше дека затекнале проект кој имал слаба динамика, проект кој имал многу проблеми, но дека заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски ќе посветат силно внимание во иднина и дека овој експресен пат ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат.

Со изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце–Страцин значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка.  Ќе се скрати времето на патување од и кон Република Бугарија, ќе се овозможи развој на трговијата и економските стоки и услуги, па и можност за развој на туризмот во овој регион, но и ќе се комплетира патната инфраструктура на Коридорот 8 кој ќе овозможи безбедни и сигурни патишта за учесниците во сообраќајот.