ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ (ПУЖССА) СО МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЈАТА ОД СТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСИНИ, ЗА ДВЕТЕ ПОД-СЕКЦИИ, ЛОТ1 И ЛОТ2

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е во фаза на изградба на нов експресен пат од Крива Паланка до клучка Страцин, делница „Крива Паланка – Ранковце“. Патот е дел од основната национална транспортна мрежа, категоризиран како државен пат – А2, којшто е со меѓународно значење, поврзувајќи ги Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија (Коридор VIII).

Овој План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) претставува сеопфатна Листа на мерки за избегнување, минимизирање и ублажување на влијанијата од активностите за ремедијација на косини, коишто се потребни да обезбедат стабилност на косини и контрола на ерозијата. Мерките препознаени и елаборирани во ПУЖССА се во согласност со стандардите на Светска Банка за справување со потенцијални социјални и ризици врз животната средина од инфраструктурни проекти.