Skip to content

Скратен Акционен план за расселување (АПП) за зафаќање дополнително земјиште потребно за стабилизација на косините на двата лота, Лот 1 и Лот 2

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е во фаза на изградба на нов експресен пат од Крива Паланка до клучка Страцин, делница „Крива Паланка – Ранковце“. Патот е дел од основната национална транспортна мрежа, категоризиран како државен пат – А2, којшто е со меѓународно значење, поврзувајќи ги Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија (Коридор VIII).

Во согласност со Политиката за расселување на Светска Банка (ОП 4.12) се подготвуваше, се финализира и одобри скратен Акционен план за расселување (АПП) за двете потделници на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце: Лот 1 (Длабочица-Страцин) и Лот 2 (Крива Паланка-Длабочица). Овој скратен акционен план за расселување се однесува исклучително за зафаќање дополнително земјиште потребно за стабилизација на косините на двата лота, Лот 1 и Лот 2.

Сподели: