Увид во рехабилитацијата на А1 автопатска делница Катланово-Петровец

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, заедно со престедателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски извршија увид во рехабилитацијата на А1 автопатската делница Катланово-Петровец која се изведува со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот. Овие вкупно десетина километри што се рехабилитараат на левиот и десниот коловоз ќе бидат проширени со уште една лента со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација.

„Како што е познато поради слабата реализација на претходниот изведувач договорот беше раскинат по што следуваше избор на нов изведувач, а тоа е Макимсан акционерско друштво за асфалт, изведба, градежништво, индустрија и трговија од Република Турција. Вредноста на договорот е 6,3 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР.  Сега веќе се работи со засилено темпо и ние искрено се надеваме дека до крајот на годинава како што е предвидено со договорот ќе се испочитува рокот за градба и ќе возиме по нов автопат. Моменталната вкупна реализација е околу 36 %.“, изјави по извршениот увид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Тој исто така информираше дека ЈПДП годинава во интерес, на безбедно одвивање на сообраќајот на автопатиштата отпочнува и со рехабилитација на најоштетените делови на автопатот А1 во делот кај Неготино.
Исто така, после подолг период се пристапи и кон рехабилитација на патот Катланово-Велес во вкупна должина од 8,4 километри. Станува збор практично за стариот пат од Катланово за Велес и преку оваа инвестиција ЈПДП сака да го реобнови и овој  пат што до сега беше во лоша состојба.

Јавен оглас број 1/2023 за вработување на работници во проектна единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8

Јавниот оглас број 1/2023 за вработување на работници во проектна единица за спроведување на проектот  за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 може да го преземете во pdf формат тука.