Skip to content

ЈПДП и „IRD INGINEERING„ потпиша договорт за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d

Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми денес го потпиша договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d со директорот на компанијата „IRD INGINEERING„ од  Италија, Паоло Орсини.

На настанот присуствуваа и имаа обраќање Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈПДП Рустеми во својот говор истакна дека отпочнувањето со реализација на овој проект претставува историски момент за Република Северна Македонија, бидејќи се работи за најголемиот инфраструктурен проект досега во патниот сектор. Ќе се градат 120 км авотпатишта, кои ќе придонесе за економски развој, како и побрзо и безбедно патување на учесниците во сообраќајот.

„Во првата фаза, со потпишување на овој Договор се создаваат услови за отпочнување на преговори помеѓу Правниот трансакциски советник, односно со тимот за преговори кој е одговорен е да ги води преговорите во име на Комитетот за преговори конституиран од страна на Владата на РСМ со стратешкиот партнер ЈV: Bechtel и Enka за потпишување на Договорот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и на Коридорот 10д за делницата на автопатот Прилеп – Битола. По потпишување на Договорот за градежни работи на автопатските делници ќе започне втората фаза од Договорот со вршење на стручен Надзор над имплементацијата на четирите делници и тоа:изградба на автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, автопат Требениште – Струга–Ќафасан, и изградба на автопат Прилеп – Битола„, истакна Рустеми. Директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини истакна дека е „чест е и привилегија да се биде дел од овој настан во Владата“.

„ИРД Инженеринг се присутни во Македонија за инженерски услуги во последниве 20 години. Една од нашите конкурентски предности е и ќе биде нашето локално присуство со комбинација на меѓународно искуство и експертиза. Заедно со нашите локални партнери во овој проект ние ќе ги вложиме сите потребни напори за да ги изградиме 4-те делници со највисок стандард и квалитет којшто одговараат на квалитетот на патиштата кои се градат во ЕУ“,  потенцираше Орсини.

Сподели: