Минатата година ја завршивме со 150 милиони евра капитални инвестиции во патната инфраструктура. Во 2023 продолжуваме со посилно темпо – за инвестиции се планирани 486 милиони евра, со што се надеваме дека проектираниот буџет ќе биде доволен за остварување на целите од Годишната програма, – истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на Панел дискусијата “Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза”, одржана во рамките на годишната Конференција „Година на нови можности”.
„Продолжуваме со посилно темпо, тоа е главниот двигател од Годишната програма за 2023 година. За инвестиции се планирани 486 милиони евра, со што се надеваме дека проектираниот буџет ќе биде доволен за остварување на целите од Годишната програма за 2023 година. Во планираните приливи и приходи на ЈПДП предвидени и 244 милиони евра од Буџетот на РСМ за 2023 година, преку Министерство за транспорт и врски, согласно со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за автопатските делници Тетово – Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан, како и на Коридорот 10д за делницата на автопатот Прилеп – Битола. Овој многу важен проект за државата и регионот, наскоро ќе стане реалност, реалност со која ќе овозможиме полесен пристап на стоги, услуги и капитал, истакна Рустеми. Фактот кој нè прави горди, истакна тој, е дека годинава имаме најголема инвестициска програма во која се опфатени патиштата кои веќе се отпочнати, но и други планирани патни инфраструктури.
„Така што, годинава продолжуваме со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проект кој очекуваме да заврши до крајот на оваа година. Исто така, Продолжуваме со изградбата на автопатот Скопје – Блаце, каде првата фаза е во изградба, а се очекува да заврши ова година. Но. оваа година ќе поченеме со градежни работи на втората фаза, односно останатите десет километри на ова многу важна автопатна делница. Ова година ќе почнеме со изградба на автопатот Кичево-Бојкочане.До крајот на ова година се очекуваме да ги завршиме градежните работи на овие патни делници: -регионалниот пат Извор-Гарски мост, пат со кој ќе се поврзуват градовите Кичево и Дебар и ќе се скрати времето на патување.-експресните патишта Градско-Дреново, Фариш-Дреново и Крива Паланка-Ранковце.-реконструкцијата и доградба на трета лента на државниот пат Крива Паланка–Деве Баир, -регионалните патишта Битола-Меџитлија, Струга-Ќафасан, Скопје – Блаце, Катланово-Велес и Велес – Градско„ рече меѓу друготот директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.
Сите овие проекти значат обезбедување на квалитетен живот на граѓаните, економска поврзаност и со самото тоа економско зајакнување на регионите во државава. „Секој регион е важен и секој заслужува пристојни услови за патно поврзување и побрз пристап од едно до друго населено место. Со модерната патна инфраструктура ќе овозможиме и подобри услови за водење бизнис, а со тоа отворање на нови работни места и повисок животен стандард на нашите граѓани„ истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на Панел дискусијата “Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза”, одржана во рамките на годишната Конференција „Година на нови можности”.