Непреченото и безбедно одвивање на сообраќајот е еден од круцијалните приоритети на Јавното претпријатие за државни патишта.
Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми и Министерот за транспорт, Благој Бочварски остварија работна посета на Контролниот центар Петровец, од кадешто целосно се мониторира безбедното одвивање на сообраќајот на Коридорот 10 и дел на Коридор 8. Оттука, најавуваме воведување на нови дополнителни модели на управување, како што е Интелигентниот транспортен систем за овој коридор, со што дополнително ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на исклучително важната автопатска инфраструктура.
Истовремено, ЈПДП за оваа година предвидува и започнување постапка за модернизација и на наплатните станици на Коридорот 8.
Непреченото и безбедно одвивање на сообраќајот е еден од круцијалните приоритети на Јавното претпријатие за државни патишта.
- Скопје
- јануари 30, 2023
- 1 minute