Крајот го краси делото, а оваа модерна сообраќајница која веќе е во функција е почеток на брз и безбеден проток на стоки и услуги помеѓу источниот и централниот дел на државава, но и брза, современа патна врска меѓу два града Штип и Кочани. Првите километри ги извозија директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Првата делница од експресниот пат Штип–Крупиште беше завршена во 2020 година.
„Со ставањето во функција на оваа втора делница од експресниот пат Крупиште-Кочани во должина од 13,75 км за која издвоивме 18,23 милиони евра обезбедени од ЕБОР, се заокржи изградбата на новиот експресен пат А3 Штип-Кочани. Вкупната должина на новиот експресен пат е 28 километри, а вредноста на целокупниот проект (двете фази) е околу 40 милиони евра. Експресниот пат е со висок квалитет на градба. Ширина на патот е 11,4 метри и има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат е 110 километри на час. Дозволете во оваа прилика да им заблагодарам на Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ и Надзор е „Патинвест инженеринг“ за успешно завршената работа“, изјави директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Со ова брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани се овозможува полесен пристап бидејќи трасата на новиот пат минува надвор од населените места, но се овозможува и намалување на километрите и времетрањето на патувањето, но најважно од сѐ е зголемената безбедност во сообраќајот.
Линк до видео изјава тука.