Skip to content

Рустеми: „Инвестираме во подобрување на патната инфраструктура за подобар и побрз превоз на услуги и луѓе“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со првиот заменик престедател на Влада на РСМ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и градоначалникот на Општина Липково Еркам Арифи го посетија липковскиот регион каде што Јавното претпријатие за државни патишта оваа година изврши реконструкција на на државниот пат Р2133, делница Ропаљце–Матејче во должина од 2,79 километри. Ширината на овој пат е променлива и се движи од 5,5 метри до 5,9 метри.

При тоа Рустеми изјави: „Издвоената сума за реконструкција на патот е 113.332.415 денари, средства од буџетот на ЈПДП. Инаку, оваа делница во должина од речиси три километри ги поврзува двете населени места Ропаљце и Матејче, обезбедувајќи безбедно движење за возачите. Дозволете во оваа прилика да им се заблагодарам на изведувачот на работите „Жикол“ од Струмица заедно со „Илинден“ од Струга и на Надзорот кој го спроведуваше „Евро Консалтинг“ заедно со „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје. За нас како претпријатие задолжено за изградба на патишта најважна е безбедноста на учесниците во сообраќајот и токму затоа и натаму ќе инвестираме во подобрување на патната инфраструктура за подобар и побрз превоз на услуги и луѓе“.

Делницата Ропаљце-Матејче се надоврзува на делницата Арачиново–Никуштак–Ропалце и Липково–Оризари кои се комплетно завршени, како и Матејче-Липково која исто така е реконстриурана и во функција и заедно ги поврзуваат овие населени места со вкупна должина од 20-тина километри.

Сподели: