Јавното претпријатие за државни патишта известува дека од 18.7.2022 година во 7 часот ќе бидат во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.
На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина.
Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по 7 (седум) наплатни кабини.
![](https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/Preod-1024x577.jpg)
![](https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/Kadrifakovo-1024x577.jpg)
Во прилог е ценовникот по категории на возила:
![](https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/Preod-cenovnik.png)
![](https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/Kadrifakovo-cenovnik.png)
Сумата издвоена за градежните работи и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод изнесува 2.555.349,67 евра, а за наплатната станица Кадрифаково 2.314.288,14 евра.
ЈПДП апелира и препорачува употреба на електронските уреди при транзитирање на наплатните станици Преод и Кадрифаково заради побрз, посигурен и поедноставен начин на наплата на патарината.
Со почит.
ЈПДП