Skip to content

Објава на Адендум на Студијата за ОВЖСС за проектот за изградба на Автопат А2, делница Букојчани – Кичево

Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина и социјални аспекти (ОВЖСС) за Проектот за изградба на автопат А2, делница Букојчани – Кичево, како и останатите документи според барањата на ЕБОР, беа објавени на 11 декември 2020 година.

По спроведените консултации и јавната расправа во јануари и во јули 2021 година во однос на објавената ОВЖСС беше препорачано дел од трасата кај с. Долно Строгомиште да се измени со цел да се избегне селото, куќите и локаланите гробишта.

Адендумот на ОВЖСС за потребите на Проектот беше изработен со цел да се проценат потенцијалните импликации на ревидираната траса (realignment), на стационажа од км 2+000 до км 6+000.

Пакетот на Адендумот на ОВЖСС ги содржи следните документи:

Адендум на ОВЖСС (ESIA Addendum)
Нетехничко резиме (NTS) на Адендумот на ОВЖСС
Акциски план за животна средина и социјални аспекти – ESAP
План за вклучување на засегнати страни – SEP
Рамка за откуп на земјиште – LAF

Сподели: