Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина и социјални аспекти (ОВЖСС) за Проектот за изградба на автопат А2, делница Букојчани – Кичево, како и останатите документи според барањата на ЕБОР, беа објавени на 11 декември 2020 година.
По спроведените консултации и јавната расправа во јануари и во јули 2021 година во однос на објавената ОВЖСС беше препорачано дел од трасата кај с. Долно Строгомиште да се измени со цел да се избегне селото, куќите и локаланите гробишта.
Адендумот на ОВЖСС за потребите на Проектот беше изработен со цел да се проценат потенцијалните импликации на ревидираната траса (realignment), на стационажа од км 2+000 до км 6+000.
Пакетот на Адендумот на ОВЖСС ги содржи следните документи:
• Адендум на ОВЖСС (ESIA Addendum)
• Нетехничко резиме (NTS) на Адендумот на ОВЖСС
• Акциски план за животна средина и социјални аспекти – ESAP
• План за вклучување на засегнати страни – SEP
• Рамка за откуп на земјиште – LAF