Рустеми: „Работиме интензивно на изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп, еден од најзначајните патни правци во државата“

Една од поважните меѓународни рути која што поминува низ земјата и го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, е Коридорот 10. Токму затоа, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните работи на втората делница Дреново-Фариш.

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделен на три делници: прва делница Градско-Дреново, втората делница Дреново–Фариш каде што сме денеска на увид, и третата делница проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од с.Беловодица-Каменолом Маврово.

„Овој пат е еден од, каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Проблемите што ги имавме се веќе зад нас. Оваа делница во должина од 10.2 км за која се издвоени 33,3 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР ја презеде Синохидро, а надзор е ГЕИНГ и очекуваме поголем ангажман во започнатата изградба. Во моментов се изведуваат припремни работи, односно пристапни патишта,  механичарски и армирачки работилници и технички постројки. Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. 5 км се со асфалтна платформа од 12,4 m што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 км се со платформа од 17 m што одговара на автопат со намалена ширина. На само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек  на локалниот пат со клучкакај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор. Да потсетам дека изградбата на првата делница Градско-Дреново ја презема компанија Штрабаг, која интензивно работи, а Надзорот е доверен на ЕГИС“, изјави по увидот директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Во тек се и припремни работи за рехабилитација на патниот правец Фаришка клисура–Прилеп, превој Плетвар, во должина од 19 км и вредност од 5,6 милиони евра со што значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10.