Skip to content

16 илјади жители во 37 населени места во Општина Пробиштип после неколку децении добија рехабилитиран и реконструиран патен правец Крупиште–Пробиштип

Патниот правец Крупиште–Пробиштип е важна сообраќајна артерија за граѓаните на Пробиштип кон Штип, Кочани и граничниот премин со Бугарија кај Делчево, артерија која со децении нананзад не беше рехабилитирана и реконструирана. 16 илјади жители во 37 населени места од овој регион сега веќе возат безбедно по нов асфалт и целосно реконструиран пат. Увид во делницата извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменикот Благојче Трпевски, како и градоначалникот на Општина Пробиштип.

„Ние вложуваме во секој општина бидејќи секој заслужува подобра патна инфраструктура, и токму затоа граѓаните во овој регион добија рехабилитиран пат со што се постигна подобрување на техничките перформанси на делницата и поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. Со завршувањето на асфалтирањето, со поставувањето на еластична одбојна ограда и хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација, овој патен правец  целосно е рехабилитиран. Во процесот на рехабилитација и санација на овој патен правец се водевме од желбата после многу децении да направиме нешто за овој мал, но значаен регион во североисточниот дел на Републиката, регион кој е сепак индустриски, општествен и административен центар“, изјави директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

„Се поврзува регионот и пошироко, и тоа е огромен потенцијал за развој на нови поврзувања низ бизнис иницијативи. Сега од Пробиштип до Скопје преку сосема нова и модерна патна инфраструктура се стигнува за 1 час и 45 минути“, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека сега активно се работи во Источниот регион, бидејќи десега не се вложуваше во патната инфраструктура во овој дел на државата и додаде: „Ја изградивме автопатската делница Миладиновци – Штип,  ја изградивме  првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште,  а до крај на годината очекуваме да ја пуштиме во употреба и втората фаза од Крупиште до Кочани. Исто така ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип–Радовиш, очекуваме семптември да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш, а делот од Три чешми до Штип да биде завршен веќе следната година.

Во текот на изградбата и реконструцијата на патниот правец Крупиште–Пробиштип  се утврди дека на одредени делови патот е во исклучително лоша состојба, па затоа мораше да се интервенира и да се направи детална реконструкција на тие делови, со ископи на патот и до два метри, но и да се направи дренажа за да го заштитува патот, особено во зимските периоди.
Оваа рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Пробиштип–Крупиште е дел од седумте патишта финансирани преку ЕБОР кои започнаа да се прават пролетта 2019 година. За делницата во должина од 18 км, издоени беа 3,46 милиони евра.

Сподели: