Рустеми: „ Нашата цел е сигурни и безбедни патишта кои ќе не поврзуваат со регионот“

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски и министрите Оливер Спасовки и Благој Бочварски, како и заменик директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во работите на делницата Куманово-Страцин која се рехабилитира во две фази.

Јавното претпријатие за државни патишта постојано работи на модернизирање на патнотото поврзување на градовите, населените места, а во случајов овде работиме на модернизирање на патното поврзување со Република Бугарија, значаен правец за кој впрочем имаме барања и од бизнис заедницата за подобро поврзување за побрз превоз на услуги и стока.

„Делницата Куманово–Страцин се одвива во две фази. На втората фаза , финансирана од буџет на ЈПДП, се очекува работите со рехабилитацијата комплетно да бидат завршени до крајот на 2021 година. На првата фаза, која е финансирана од IPA 2, се очекува работите да бидат комплетно завршени до средина на 2022 година.  Магистралниот пат Куманово-Страцин каде што вршиме увид  е во вкупна должина од 15,2 км, а издвоената вредност за реализација на изградбата е 4.74 милиони евра. За новиот експресен пат Страцин–Длабочица–Крива Паланка финансиран од Светска Банка, очекуваме делницата да биде комплетирана и пуштена во сообраќај до крајот на 2022 година, а за делницата Крива Паланка–Деве Баир финансирана од ЕБОР и WBIF, се очекува градежните работи да бидат комплетирани до средина на 2022 година. Исто така, избрани се консултанти за изработка на проектна програма за проектирање на нов експресен пат Романовце–Страцин која што е планирано да се финансира од IPA 3. Нашата цел е сигурни и безбедни патишта кои ќе не поврзуваат со регионот. Токму во таа насока, минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион сакаме да добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот“, изјави по увидот директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми.