Skip to content

Следиме прогрес: Изградба на нов мост и реконструкција на постоечкиот на река Брегалница на експресниот пат А4 Штип-Радовиш

Како дел од проектот за изградба на експресниот пат А4 Штип-Радовиш предвидена и изградба на нов мост на река Брегалница паралелно со стариот кој се наоѓа на постоечкиот пат, за кој, пак е предвидена негова реконструкција и санација. Новиот мост ќе биде за премин преку реката на експресниот пат во правец од Радовиш кон Штип.

Ново проектираниот мост е превиден како АБ конструкција од АБ столбови и преднапрегнати АБ главни носачи. Коловозната плоча е АБ коловозна конструкција. Вкупната должина на мостот е 65,94м. Ќе биде изведено и осветлување, а се гради согласно со новите европски стандарди. Вредноста издвоена за изградбата на новиот мост е 38.592.135,00  денари.

Постоечкиот мост, пак, на река Брегалница со изведбата на новиот експресен пат А4 Штип-Радовиш, станува дел од него. Токму затоа и тој подлежи на санација и зајакнување, со цел задоволување на карактеристиките за експресен пат.

Тој е изведен како комбинација од челична и бетонска конструкција. Главните носачи се континуирани челични носачи, а коловозната плоча е изведена како армирано бетонска конструкција. Мостот е со должина од 61,1м.

Со санацијата се зајакнува челичната конструкција и коловозната плоча. Се зајакнуваат АБ столбовите на мостот, се врши санација на тротоарите, хидро изолацијата, на системот за одводнување, итн. На мостот се изведува осветлување и нова ограда согласно со новите европски стандарди. Издвоената вредност за санација на мостот е 35.342.218,00  денари.

 

Сподели: