Извршен увид во градежните работи на автопатот Скопје – Блаце

Директорот на Јaвното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми изврши увид во градежните работи на дел од изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

 

При тоа, тој беше информиран дека во моментот се работи на земјени работи, односно се работи на ископ на усек и спремање за насип, како и на техничко решение за дислокација на подземни инсталации коишто се сопственост на Телеком, ЕВН, А1 и МВР.

 

Експропријацијата е завршена, а вредноста на проектот изнесува 881,742,867.03 (со ДДВ), средства обезбедени од буџетот на ЈПДП.

 

По извршениот увид директорот Рустеми рече: „По завршувањето на експропријацијата на 26 парцели,  излегов на терен за да ги следам работите кои во моментов се одвиваат со брзо темпо на првите два километри“.

 

Инаку, предвидено е изградата на автопатот Скопје-Блаце да се гради во 2 делници. Првата делница е од Граничен Премин Блаце до с.Блаце. Преостанатиот дел од делницата е од с.Блаце до клучка Стенковец. Вкупната должина е 12 километри.