Skip to content

Следиме прогрес: регионален пат Р2345 Бигла -Трсино

Жителите на населеното место Бигла кое се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, уште од 1994 година чекаат реконструкција и проширување на тесниот пат, кој значи поголема безбедност во сообраќајот, но и подобра комуникациска врска на селата кои гравитираат во овој регион.

 

На наше огромно задоволство и на задоволство на жителите од повеќе населени места и од Делчево и од Виница, ЈПДП известува дека изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на регионалниот патен правец Делчево–Виница, преку село Бигла, каде што се асфалтираат последните 4 километри.

 

Претходно на овој регионален патен правец се изврши реконструкција на 14 километри. На овој дел има и проширување на коловозот од три на пет метри. Се работи на изградба на банкини и одводни канали.

 

Последната делница е од село Бигла до село Трсино со што вкупната должина на овој патен правец ќе биде заокружена на 18 километри. Средствата за реализација на овој инфраструктурен проект, во висина од 30 милиони денари ги обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта.

 

Сподели: