Извршен е увид во работните активности за рехабилитација и реконструкција, проширување на 3 лента на државен пат Крива Паланка – Деве Баир.
Увидот го извршија претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Станува збор за инвестиција вредна 10,16 милиони евра, обезбедени преку ЕБОР, средства со кои ќе се рехабилитираат 13,2 километри пат со ширина од 10,5 метри