Завршена рехабилитацијата на државниот пат Р2241 делница, врска со државен пат Р1201-Лабуништа-Боровец-Јабланица.
Низ пределите на југозападниот дел од државата, поточно на патот помеѓу Струга и Дебар на раскошните падини на планината Јабланица се распостилаат многу села. Едни од нив се и селата Лабуништа, Бороец и Јабланица.
Токму граѓаните од овие села веќе можат да возат посигурно и побезбедно на рехабилитираниот пат во должина од 11,80 километри и со променлива ширина од 4 до 6 метри.
Вредноста на издвоените средства од ЈПДП за оваа реконструкција е во висина од 53,67 милиони денари.