Јавното претрпијатие за државни патишта обезбеди 2,27 милиони евра средства од ЕБОР за рехабилитација на делницата Македонска Каменица-Саса. Должината на делницата е 10 километри, а просечната ширина 5,5 метри.
Во моментов на терен интензивно се изведуваат градежни работи и во тек е рушење на постоечката конструкција, ископ на постоечки тампон и вградување на тампонски слој. Се вградува БМС 22 асфалт, и асфалтирани се 900 метри.
Градежните активности продолжуваат и натаму. Крајниот рок за завршување на градежните работи е ноември 2021 година.
#БезбедностаПредСѐ!