Аирлија новиот рехабилитиран пат Крушево-Слива-Пуста Река!

45 години жителите кои катадневно го користеа патот кој води од Крушево кон Слива и Пуста Река возеа по стар пат. Ете, дојде и тој ден да се израдуваат на рехабилитираниот пат.

ЈПДП ги известува сите жители од овој регион дека е завршена рехабилитацијата на регионалниот пат Р2337 Крушево-Слива-Пуста Река.

Решивме еден децениски проблем на жителите коишто ја користат оваа делница. Свесни дека инфраструктурата е битна и влијае на квалитетот на живеење на сите сегменти, а во туристички крај и на развојот на руралниот туризам, вложивме 48,42 милиони денари во рехабилитација на 14-те километри. Километри што живот значат и инвестиција важна не само за жителите, туку и за целиот регион.

Нека се вози со арно со убаво!