Завршена рехабилитацијата на Р2336 Оморани- Теово во Општина Чашка

Јавното претпријатие за државни патишта со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните започна градежни активности на повеќе делници во Општина Чашка. Една од нив е Оморани-Теово, во должина од 2,2 км која што е веќе завршена. Вредноста на инвестицијата беше 10 милиони денари.

Градежните работи беа предвидени во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2020 година, а се изведуваа преку Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.

Метар по метар километар. Километри што живот значат!