Објава на тендер за проектот за Изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, фаза II

Објавата на тендерот за проектот за Изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, фаза II може да ја преземете во pdf формат тука.

Завршува втората фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат Р1309 Кочани-Пониква

Обезбедуваме квалитетна сообраќајна поврзаност со туристичкиот центар Пониква и решаваме едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот во овој регион!

Иако, завршувањето на оваа делница беше предвидено за во април 2021 година, Јавното претпријатие за државни патишта ги приведува кон крај завршните работи. Денеска работиме на обележување на хоризонталната сигнализација и патот е подготвен да ги пречека првите туристи на Пониква.

Вредноста на инвестицијата е 49.09 милиони денари. Должината на сообраќајната делница е 7,4 км, ширината 6 м.

Да потсетиме дека првата фаза во должина од 12 км ја завршивме во 2019 година за што ЈПДП издвои 1,41 милиони евра, а со завршувањето на втората фаза комплетно е рехабилитирана целата делница Кочани-Пониква.
Цело е кога има сѐ!