Skip to content

Китанов: Општина Петровец по 50 години доби нов мост. На граѓаните нека им е со среќа новиот мост на река Пчиња!

Изградбата на мостот на река Пчиња кој ги поврзува Долно и Средно Коњаре е во завршна фаза. Инвестиција вредна 67 милиони денари. Овој мост е врска помеѓу двата автопати Миладиновци – Штип и Скопје – Велес.

На регионалниот пат Р2136 на река Пчиња во Општина Петровец, Јавното претпријатие за државни патишта отпочна изградба на нов мост кој е од витално значење за населените места во овој дел. Граѓаните веќе ја чувствуваат разликата помеѓу стариот и новиот мост.

Должината на мостот е 133,20м, широк 8 м со два коловоза и со два тротоари каде што може граѓаните безбедно да комуницираат од едната на другата страна на реката.
Увид во финалната фаза на изградбата извршија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

„Мостовите се многу важни, ги поврзуваат граѓаните од двете страни на реката, даваат можност за развој, за размена на добра”, потенцираше министерот Бочварски.
„Ова е целосно нов мост, тој е веќе комплетно направен и е најдолгиот мост на регионален пат во нашата држава. Не само што овој мост се изгради, туку постоечкиот по кој не сакаа да возат ниту автобусите на ЈСП, затоа што беше во очајна состојба, е отстранет, а во моментов се работи и на регулирање на речното корито. Со среќа нека си го користат новиот мост граѓаните на Коњаре”, изјави директорот Китанов.

 

Безбедноста пред сѐ!

Линк до изјави тука.

Сподели: